Имаме самодоверба, можеме против Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Ирска, Мартин О’Нил изјави дека неговите фудбалери имаат самодоверба пред натпреварот против Франција во кој сакаат победа и покрај тоа што домаќинот е голем фаворит.

“После големата победа над Италија со која обезбедивме пласман во оваа фаза, имаме самодоверба пред натпреварот против Франција, кој за нас е најважен. Менталната цврстина е многу важна, имаме свои шанси”.

“Тие се домаќини и се фаворит за освојување на ова натпреварување. На некој начин ме потсетуваат на оној тим од 1998 година кој стана шампион на светот. Тогаш имаше голем притисок кој беше надминат и освоен беше шампионатот. Нешто слично се случува и сега”– изјави О’Нил на конференцијата за медиуми.

Тој додаде дека неговите играчи, посебно постарите, имаат голема желба да останат на ова првенство што е можно подолго.

“Апсолутно сум сигурен дека играчите сакаат да останат што подолго на првенството. Некои од нив имаа и одредено искуство и пред четири години, но не сакаа на тој начин да ги завршат кариерите. Добар пример е Шеј Гивен, кој се пензионираше, но сепак се врати”- додаде О’Нил.