Засилување на Тотенхем не успеа: Покетино разочаран во Французинот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на Тотенхем, Маурусио Покетино изјави дека Сисоко не ги оправдал очекувањата, по доаѓањето од Њукасл за 30 милиони фунти.

    Сисоко во последниот ден од летниот преоден рок за 30 милиони фунти од Њукасл премина во Тотенхем.

    Тој потпиша 5-годишен договор со Тотенхем, кој во трка за тој трансфер беше поуспешен од Евертон. Досега тој одигра 10 натпревари, од кои на 5 беше во првиот тим, а во саботата против Челси не беше ниту на клупата.

    „Во фудбалот не е се во парите. На тренинг мораш да покажеш дека си подобар од соиграчите и дека заслужуваш во тимот.“

    Французинот на крајот на октомври беше суспендиран на 3 натпревари поради тоа што со лакт го удри играчот на Бурнмут, Хари Артета.

    „Ако донесеш играч и не добиеш ништо од тоа што си очекувал, а ако други заслужуваат да бидат во тимот, поради што треба да му дадеш шанса? Затоа што плативме и мораме да го ставиме да игра? Секако, тој мора да работи напорно и да го заслужи местото во тимот.“