Лауда за Хамилтон: „Не му можеме ништо“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги отфрли шпекулациите за „нечесните трикови“ во последната трка во Абу Даби.

    Хамилтон победи на трката, но не успеа да ја одбрани титулата, која ја освои неговиот колега Нико Розберг.

    Хамилтон за титулата требаше да победи, но и Розберг да биде пласиран под 3-то место. Тој водеше од почетокот до крајот, а Розберг во поголемиот дел од трката беше на 2-та позиција. Тој на крајот ја намали брзината, за да им помогне на останатите возачи да го преминат Розберг, но тоа не му успеа бидејќи Розберг го освои 2-то место.

    „Не направив ништо опасно, мислам дека не направив ништо нечесно. Се боревме за титулата.“

    Хамилтон неколку пати доби наредба од боксот да забрза, но тој не ги послуша наредбите. Во Мерцедес тврдат дека тоа го направиле затоа што имало ризик Хамилтон да ја изгуби трката, а не поради тоа што Розберг го нападнаа Верстапен и Фетел.

    По тие наредби Хамилтон во боксот им рече:

    „Пуштете не да се тркаме. Ја губам титулата и моментално не ми е важно дали ќе победат во трката или не.“

    Фетел во последниот круг му се доближи на Розберг, но не успеа да го помине.

    Директорот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека не одлучил дали ќе започне постапка против Хамилтон за непочитување на тимските наредби.

    „Морам да формирам мислење, сеуште ништо не сторив. Анархијата не функционира во секоја компанија, но еден дел од мене зборува дека тоа го направи затоа што тоа беше неговата единствена шанса да ја освои титулата.“

    Легендарниот Ники Лауда изјави дека нема да има постапка против Хамилтон.

    „Не можеме ништо да сториме. Таков е неговиот став и тоа мораме да го прифатиме. Тоа е важно, Луис ја возеше својата трка, се обиде на свој начин да ја освои титулата, но Фетел беше опасност, па можевме да изгубиме.“