Доведен е за 10, а сега вреди 100


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Дека е врвен талент се гледаше и додека беше помлад, кога настапуваше во татковината – пред да дојде во Европа.

    Роден е и порасна во Рио, Кутињо е класична 10-ка која сите ја сакаат. Меѓутоа, за овој сеуште млад играч не одеше секогаш како што требал. Најмногу поради тоа што неговиот прв европски клуб не беше свесен за неговиот потенцијал.

    Од 1999 до 2008 година настапуваше за Васко Де Гама, а потоа дојде во Европа. Интер го купи за 4 милиони евра, а тимот од Милано како да не знаеше каков талент донесоа во тимот.

    Вистина, Кутињо беше малолетен, а тимот од „Меаца“ не сакаше да го тестира неговиот талент во првиот тим. Во 2010 година, кога наполни 18 години, можеше да настапи за Интер.

    Потоа следеше позајмица во Еспањол, кратка, пред да биде ставен на трансфер листата на 26-ти јануари 2013-та година. Ливерпул се согласи на трансфер во вредност од 10 милиони евра. Помина лекарски тестови и стана член на Ливерпул. Го доби бројот 10, а потоа започнува историјата. Влегува наместо Даунинг во 78-та минута против ВБА на 11 февруари 2013-та година.

    Во деновите и месеците кои следат, Кутињо се повеќе и повеќе добиваше шанса да игра. Во целост ја притисна конкуренцијата на позицијата и стана составен дел на тимот.

    Дриблинг, сигурност, брзи нозе се неговите особини, а често му велат дека е како Меси и Роналдињо.

    Навивачите на Ливерпул го викаат Малиот маѓионичар, игра со двете нозе, а има и силен удар.

    Досега одигра повеќе од 120 натпревари за Ливерпул, постигна 26 голови, а од минута во минута поминати на теренот, вредноста се повеќе му расте.

    Дали ќе остане во историјата забележан како најголема грешка на Интер или најдобар трансфер на Ливерпул останува да видиме наредното лето, кога се предвидува дека тој ќе биде продаден за 100 милиони евра.

    Има само 24 години, а Реал, Барселона, Сити, Јунајтед, ПСЖ и многу други се заинтересирани за него.