„Родителството го смени Ирвинг“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Играњето со Кајри Ирвинг е една од причините поради кои Леброн Џејмс се врати во Кливленд, а тој вели дека е импресиониран колку неговио помлад колега напредувал во последните 2 години.

    „Од првиот ден, тој е се подобар и подобар, баш како и што тврдев дека ќе биде. Ова е наша трета сезона и тој сега е комплетен кошаркар.“

    „Тој е сега татко и јасно е дека тогаш мора да созреете како личност. Тоа важи за секој од нас – кога ќе станете татко, повеќе не сте сами, мора да бидете одговорни за своето дете.“

    „Неговата состојба на свест се измени.“

    Кливленд одлично ја започнаа сезоната во која ја бранат титулата. Нивниот моментален скор е 13-2. Ирвинг е прв стрелец на екипата со просек од 24.8 поени по натпревар.