Продолжува сапуницата околу Марсело Брозовиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ на отворањето на сезоната беше во немилост на поранешниот тренер на Интер Франк Де Бур, но после неговото заминување повторно се избори за место во првиот состав.

Брозовиќш неколку натревари ги следеше од трибините и речиси сигурно дека во овој јануари ќе го напушти клубот.

Сепак, хрватскиот фудбалер се врати во првиот тим, и со своите добри партии ги „натера“ челниците на италијанскиот клуб за уште еднаш да размислат за негова продажба.

Италијанските медиуми денеска пренесоа дека Интер спреми нов договор за Брозовиќ.

Како што пишува Газета дело Спорт, Брозовиќ сегашниот договор со Интер му истекува на лето 2019 година, а според новиот договор во Интер треба да остане до 2022 година.

Наводно, откупната клаузула во неговиот договор требаше да биде 50 милиони евра.

Брозовиќ во летото се доведуваше во врска со премин во Јувентус, и самиот во неколку наврати изјави дека му е жал што не отиде во редовите на актуелниот шампион на Италија.

Сепак, се чини дека Хрватот сега го промени своето мислење.