Се подготвува распродажба во Шалке: Кој ќе ги земе германските бисери?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Откако Хајдел е поставен за генерален менаџер на тимот, клубот се обидува со продажба на играчи да ја врати финансиската стабилност.

Во минатиот преоден рок профитираа 20 милиони евра, но тоа сепак не е доволно.

Најголема заработка имаше од продажбата на Сане(50 милиони евра-Сити), најмногу е потрошено на Брил Емболо(22.5 милиони-Базел), но Швајцарецот е повреден и прашање е дали ќе се врати до крајот на сезоната.

Парите им се потребни, а идејата е да се продадат играчи и да се купи Бенталеб од Тотенхем.

За него ќе бидат потребни 17 милиони евра.

Пари за потребните трансфери би можеле да стигнат од продажба на двата најталентирани играчи во клубот.

Макс Мејер и Леон Горецка имаат договори со клубот до 2018-та година, па можно е Шалке да се ослободи од нив.

Има многу заинтересирани, за Мејер интерес покажа Тотенхем и Ливерпул, а познато е дека Гвардиола изјави за нив дека се „иднината на германскиот фудбал“.

Мејер и Горецка би можеле да завршат во Англија, а Шалке благодарение на нивните продажби би го донел Бенталеб за постојано, а не како во моментов само на позајмица.