Познат е датумот на враќање на Џоунс


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Џон Џоунс моментално е на пауза поради падот на допинг тестот во УФЦ 200.

Поранешниот шампион во полу-тешка категорија требаше во јули оваа година да одигра реванш натпревар со Даниел Кормиер, но тоа не се случи откако Џоунс беше позитивен на хидрокси-кломифен и летрозол.

Тој доби казна од една година, а според ММА тој добил една година суспензија и од Атлетската комисија на Невада.

Да потсетиме, тој во октомври се жалеше на суспензијата, но до промена на одлуката не дојде.

Според тоа, американскиот борец во ринг може да се врати на 6-ти јули наредната година.