Спектакуларен трансфер во јануари: Дракслер откри каде би сакал да ја продолжи кариерата

Дракслер би требало да биде една од најголемите ѕвезди во јануарскиот преоден рок. Одличниот фудбалер сигурно ќе го напушти Волфсбург, кој оваа сезона е на дното на БЛ.

Германскиот репрезентативец и минатото лето беше на мета на гиганти, но сепак одлучи да остане во тимот. Сега заминувањето е неизбежно, а неодамна младиот играч беше отстранет од првиот тим.

Арсенал и Јувентус беа фаворити за негова нова дестинација, но по се изгледа дека најголем фаворит стана ПСЖ.

Наводно, Дракслер му се доверил на својот сонародник и голман на францускиот шампион, Кевин Трап.

Се проценува дека во јануари би можел да го смени клубот за 35 милиони евра.

https://youtu.be/isT0UJpoTPs