Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Александар Ристевски-Егри ново засилување на Победа
Прилепскиот прволигаш Победа денес се засили со 27-годишниот стопер Александар Ристевски-Егри. Тој во Победа доаѓа од екс прволигашот Младост царев Двор и во Прилеп фактички се враќа по две сезони откако го носеше црвено-белиот дрес во Втората лига, а во меѓувреме настапуваше и за прволигашот Металург. Станува збор за искусен играч, кој потекнува од школата на Пелистер а своевремено настапуваше за младата репрезентација на Македонија. И покрај написите дека преминува во Пелистер Ристевски се договори со Победа и попладнево го одработи првиот тренинг со своите нови клупски другари.