„Ми ги ветија Роналдо и Бејл, а го добив Фелаини...“

Шкотскиот тренер, Дејвид Мојс во понеделник ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Мојс за среќа на навивачите на Јунајтед доаѓа како тренер на Сандерленд со кој ќе гостува во 18-то коло.

„Пред да дојдам во Манчестер Јунајтед ми ветија многу работи. Ми зборуваа дека ќе дојде Кристијано Роналдо, Герет Бејл исто така, а се разговараше и за Цеск Фабрегас.“

Ништо од ветеното не доби Мојс, па на крајот мораше да се задоволи со Фелаини.

„Се боревме до последни моменти а тие играчи. Нудевме повеќе пари од другите клубови кои ги донесоа. Прва мета ми беше Бејл кога дојдов во Јунајтед.“

„Секогаш кога разговарав со Фергусон, тој ми зборуваше дека е сигурен дека Роналдо ќе се врати, но ништо немаше од тоа.“

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Сандерленд се игра во понеделник од 16 часот.