Легендарниот Каси нема намера да ја заврши кариерата

Легендарниот јапонски ски скокач, Нориаки Касаи нема намера наскоро да ја заврши кариерата.

Иако има 44 години, Касаи сака да се натпреварува во наредните сезони и тоа на високо ниво.

„Многумина ме прашуваат која е тајната. Навистина не знам. Можеби аутопсијата ќе покаже, можеби моето тело крие некоја порака.“

Имаше моменти кога сакал да ја прекине кариерата.

„Кога имав 35 години бев уморен од патувања и натпреварувања. Меѓутоа, работите се сменија. Почнав да уживам повеќе од било кога. Посебна мотивација ми даваат навивачите.“

Јапонецот оваа сезона скока многу послабо, а моментално е на 27 место со 45 бодови.