Ништо од Ред Бул: Сопствениците на Вест Хем одбиле 650 милиони фунти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Вест Хем одбила понуда од Ред Бул од 650 милиони фунти за продажба на клубот.

Според медиумите, управата на овој клуб немала интерес да го продаде клубот, па затоа немало преговори со Ред Бул.

Оваа компанија последните години имаше намера да инвестира во англискиот фудбал, но засега немаа шанса за тоа.

Џек Саливан, синот на сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан даде изјава.

„Приказните за Ред Бул се стари. Одбивме понуда во август од 650 милиони фунти, бидејќи немаме намера да го продадеме клубот.“

Да потсетиме, Дејвид Саливан и Дејвид Голд го превземаа Вест Хем во 2010 година кога купија 50 проценти од акциите на клубот.

Ред Бул моментално е сопственик на РБ Лајпциг, РБ Салзбург, Њу Јорк РБ, РБ Бразил и РБ Гана.