Без разлика кој е противник мораме да дадеме се од себе за победа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антоан Гризман за страницата на УЕФА зборуваше за досегашните натпревари на ЕП.

“Франција не ги отвара баш најдобро натпревари, но се подобруваме. Во првото полувреме против Ирска бевме лоши, но потоа во второто полувреме на терен излезе некоја друга Франција, тим кој може да оди до финалето. На полувремето кажавме дека мораме да играме подобро и да дадеме се од себе за нашата земја, за нашите семејства и дека имаме квалитет за пресврт”.

“Ќе беше неуспех доколку не се пласиравме во четвртфиналето, посебно бидејќи играме на домашен терен пред нашите навивачи. Без разлика кој е противник, ние секогаш мораме да излеземе на терен и да дадеме се од себе за победа”– изјави Гризман.