Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот продолжи да ги поместува границите во светскиот тенис, а денес руши уште еден рекорд.
Ѓоковиќ го совлада Адриан Манарино со 3:0 во сетови, се пласира во третото коло на Вимблдон и ја запиша 30-та победа по ред на Гренд слем.
Никој никогаш во Опен ерата не поврза толкав број на Гренд слем победи бидејќи легендарниот Род Лејвер во 1969-та и 1970-та поврза 29 победи на најголемите турнири.
Зад Ѓоковиќ и Род Лејвер е Роџер Федерер кој има серија од 27 Гренд слем победи.