Искусниот напаѓач се сели во Кипар?!

Искусниот напаѓач, Антонио Касано би можел да заврши во Кипар.

Сампдорија не го сака Касано, кој оваа сезона натпреварите на својот тим ги гледа од трибините и ќе мора да најде нов клуб ако сака да игра до крајот на сезоната.

Не сака да ја заврши кариерата, но нема многу избор.

Медиумите објавија дека за Касано не е заинтересиран ниту еден италијански клуб, па дури пропадна можност да се врати во Бари.

По се, стигна необична понуда на негова адреса.

АПОЕЛ е заинтересиран за 34-годишниот Касано кој има играно во кариерата за Рома, Реал Мадрид, Интер и Милан.