Потврдено, фудбалерот на Волфсбург сака на Меаца


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интер би можел да добие големо засилување во зимскиот преоден рок.

Преодниот рок е во тек, а Интер работи на доведување на засилувања.

Првото би можело да стигне од Волфсбург. Рикардо Родригез е заинтересиран да се пресели на Џузепе Меаца.

Тој има клаузула од 22 милиони евра како и договор до 2019-та година, па Волфсбург тешко дека ќе го пушти за помала сума на пари.

На потег се нероазурите.

Родригез има постигнато 2 погодоци и запишано две асистенции на 15 натпревари, а неговиот тим е во долниот дел на табелата во Бундеслигата.