Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Тунис со 34:30 во натпревар од првото коло од групата Б од СП кое се одржува во Франција.
Одличен почеток за ракометарите на Македонија. Филип Миркуловски и Кирил Лазаров погодија за водство на Македонија од 2:0. Тунижаните преку Санаи, Банур и Жалуз стигнаа до првото водство на натпреварот, 2:3. Се играше потоа гол за гол се до дванаестата минута. Стојанче Стоилов постигна два погодоци во серија за водство на Македонија, 7:6. Следуваа два погодоци во низа на Кирил Лазаров, 9:7. Девет минути пред крајот на првото полувреме Бугами и Жалуз го израмнија резултатот, 10:10. Тунис повторно стигна до водство со серијата од два погодоци на Теж и Банур, 11:12. На полувреме резултатот на семафорот гласеше 13:14. Банур постигна погодок за Тунис, а на Стојанче Стоилов во последниот напад на Македонија во првото полувреме му беше блокиран шутот. Кирил Лазаров со 4 погодоци од 7 обиди беше најефикасниот репрезентативец на Македонија после првите триесет минути игра. Голманите во првото полувреме бранеа лошо, само 4 одбрани. Три одбрани имаше Кирил Колев, а една Благојче Трајковски.
Второто полувреме подобро започна репрезентацијата на Тунис. Саиед и Жалуз зголемија на 14:17. Со двата погодоци на Банур во серија, репрезентацијата на Тунис имаше водство од 16:20. Нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров постигна два погодоци во низа и тоа двата од пенал за намалување на негативата на два погодоци, 19:21. Дваесет минути пред крајот на натпреварот Жалуз и Бугами погодија за 20:24. Следуваше серија од три погодоци на македонците, Стоилов, Лазаров и Георгиевски ја намалија негативата на еден погодок, 23:24. Репрезентацијата на Македонија после подолго време стигна до израмнување во 45-та минута со двата погодоци во низа на Лазаров и Стоилов. Тунижаните на израмнувањето одговорија со два погодоци низа и водство од два погодоци, 25:27. Манасков и Лазаров набрзина повторно го израмнија резултатот, 27:27. Голманот Благојче Трајковски се разбрани, а и одбраната стегна и тоа донесе голем резултат. Дејан Манасков постигна два погодоци, еден Лазаров и еден Маркоски за првото поголемо водство на Македонија, 32:28. Македонија на крајот славеше со 34:30 за прва победа во Македонија на СП во Франција. Следниот натпревар е против репрезентацијата на Ангола.
Играч на натпреварот беше Кирил Лазаров кој го заврши натпреварот најефикасен со 12 погодоци. Дејан Манасков и Стојанче Стоилов постигнаа по 7 погодоци. Филип Миркуловски постигна 3, Филип Талески и Гоце Георгиевски по 2, а во листата на стрелци се запиша и Никола Маркоски кој постигна 1 погодок. Бугами со 9 погодоци беше најефикасен во репрезентацијата на Тунис.