Благојче Марковски потпиша за второлигашот Новаци


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонскиот второлигаш, Новаци доведе ново засилување во овој преоден рок.

Нов фудбалер на новачани е Благојче Марковски кој стигна од Пелистер.

После Менде Степановски од Пелистер, Новаци се засили и со напаѓач од битолскиот клуб.

Марковски во својата кариера има играно за Силекс, Вардар, 11 Октомври, Пелистер, Еуромилк, Ренова и Младост Царев Двор.

„Му посакуваме многу среќа и што повеќе голови“, соопштија од ФК Новаци.