„Ми пречи тоа што Мурињо го гледаат како крал и генијалец!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Челси, Аврам Грант не е голем љубител на Мурињо.

Израелецот дојде во тимот во 2007 како замена за Мурињо и ги водеше до финалето во ЛШ и лига купот.

Меѓутоа, трофеј со Челси не успеа да освои, а уште еден болен факт е тоа што заврши втор и во првенството.

Сепак, остана во Челси запаметен како извондреден тренер, а за медиумите го коментираше Мурињо.

„Не ми се допаѓа тоа што Мурињо го гледаат како крал и генијалец. Тој не е тоа, како и што не е бескорисен, каков што сега го претставуваат. Тој е добар тренер, но со проблеми како и сите други.“

По напуштањето на Челси, Грант работеше во Портсмут, Вест Хем и Партизан, а моментално ја води Гана.