Волвс приреди сензација на Енфилд – Ливерпул елиминиран од ФА купот (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Волвс го победија Ливерпул со 1:2 на Енфилд во натпревар од 1/16 финалето на ФА купот.

На почетокот на натпреварот гостите ги шокираа домашните навивачи. Стирман со глава погоди за водство на Волвс.

Пред крајот на првото полувреме Вејман го помина Каруис и зголеми на 0:2.

Во второто полувреме Клоп ги стави Кутињо, Стариџ и Чан. Во 86-та минута Дивок Ориги постигна погодок за 1:2 после еден карамбол во шеснаесетникот на гостите, но тоа беше се од Ливерпул на денешниот натпревар.

Волвс на крајот победи со 1:2, го елиминира Ливерпул и се пласира во 1/8 финале.