„Диего добро шутираше, но Мињоле беше одличен“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако неговиот тим имаше голема шанса преку Коста од пенал да стигне до победа кај Ливерпул, сепак Конте е задоволен што одиграле нерепено.

„Кога имате пенал во 76-та минута, верувате дека сте можеле да стигнете до победа. Диего добро шутираше, но Мињоле одлично одбрани.“

Челси беше поблиску до освојување на 3-те бодови, но Италијанецот вели дека и ова е успех, со оглед на пеколната атмосфера.

„Бев играч и добро знам дека е тешко да се игра во ваква атмосфера. Поради тоа сум горд на играчите, што покажаа карактер.“

Покрај ова реми, Челси ја задржа предноста во однос на Тотенхем, а ја зголеми во однос на Арсенал.