Стигна награда за одличните игри – Германецот ќе игра во Лига Европа


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер оваа сезона не добива многу шанса во Јунајтед, но можеби во вториот дел ќе добие повеќе, откако беше регистриран за ЛЕ.

32-годишниот Германецот падна во немилост на Мурињо уште летово, кој по доаѓањето во Манчестер го тргна од првиот тим.

Од тогаш тој има одиграно само 3 натпревари за Јунајтед, 2 во ФА купот и 1 во Лига купот.

Мурињо одлучи да го регистрира Швајни кој ќе му биде потребен за ЛЕ, каде што Манчестер игра против Сент Етјен.

Освен искусниот Германец, во конкуренција за првиот тим влезе и Жоел Переира. Двете места во тимот на Јунајтед се отворија со заминувањата на Депај и Шнајдерлин.