Хлеб се враќа во Русија!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал и Барселона, Александр Хлеб потпиша договор со Крилја Советов.

Тој неодамна го заврши 4-от мандат во БАТЕ и одлучи да се пресели во Русија, чиј член беше во 2012-та година, а трансферот го потврди и рускиот клуб.

Хлеб потпиша договор до крајот на сезоната, а иако за иднината досега не зборуваше во медиумите, се претпоставува дека ова ќе му биде и негов последен договор, со оглед на тоа дека има 35 години.

Во текот на кариерата има играно во многу клубови, поточно Барселона, Арсенал, Штутгарт, Бирмингем, Волфсбург, Конјаспор..

За Белорусија одигра 78 натпревари во кариерата.