Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес се одигра натпреварот од купот на Македонија помеѓу Карпош Соколи и Фени Индустри.
Натпреварот започна многу израмнето, односно во првата ¼-на Карпош успеа да победи со 21:20, а поголема разлика направи во втората ¼-на и на полувремето замина со предност од 42:37.
Фени Индустри успеа да се врати и да ја намали разликата во третата ¼-на на само 3 поени, но во последната ¼-на Карпош немаше милост и успеа на крајот да победи со 80:69.
Најдобар во тимот на Карпош, а воедно и најдобар стрелец на натпреварот беше Мавра со 21 постигнат поен додека кај Фени, Николовски постигна 19 поени.