Дали е можно да е ова замената на Раниери за Варди?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди игра многу лошо оваа сезона.

Откако минатата сезона беше одличен во дресот на Лестер, Варди оваа сезона постигна само 5 голови во ПЛ и неговата неефикасност е сигурно една од причината поради лошите игри на клубот.

Според медиумите, Раниери започнал да бара замена за него, а наводно ја нашол во 7-та англиска лига.

Станува збор за Џошуа Гордон кој е најдобар стрелец на Стафорд Ренџерс.

Овој 22-годишен напаѓач претходно се поврзуваше со преминување во Дерби Каунти.

Дали тој ќе биде решение за нападот на Лестер, ни останува да видиме.