„Брегзит, Трамп, Раниери…“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јирген Клоп вели дека не е зачуден што Раниери доби отказ кога ќе погледне што се случува во светот.

Тренерот на Ливерпул ја стави замената на Раниери во ист кош на „глупости“ како излегувањето на Англија од ЕУ и изборот на Трамп за претседател на САД.

„Дали сум изненаден? Не! По Брегзит и Трамп, отказот на Раниери не ми е чуден.“

Пред 9 месеци Раниери му донесе на Лестер титула во ПЛ, а оваа сезона тие се борат за испаѓање.