Еуфорија во Рим – Рома испиша нови страници на историјата на клубот!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Приказната за новиот стадион кој сака да го изгради Рома конечно заврши.

Тие вчера добиле дозвола да градат нов стадион.

Ова е историски ден з атимот затоа што по многу пречки конечно го добија тоа што го сакаат, па Рома набрзо ќе ја гледаме на нов стадион.

„Ова е навистина историски ден. Многу сме среќни и горди што на крајот постигнавме договор за да се прифати новиот стадион на Рома и да почне да се реализира проектот.“

Претседателот на Рома, Палота изјави дека ова било долго патување за клубот.

„Ова беше долго патување за нас, но чувството на крајот е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои се заедно со нас. Сега ќе градиме стадион кој со гордост ќе може да им го покажеме на сите.“