Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер е подготвен на Арсенал да му го понуди Перишиќ во замена за Санчез.
Тој нема да го продолжи договорот со Арсенал според кој во клубот треба да остане до 2018-та година и сигурно е дека ова лето тој ќе го напушти тимот.
Интерес за неговите услуги покажаа многу тимови. Јувентус и Интер се фаворити и сакаат да го видат во свои редови, а тимот од Милано е подготвен да понуди интересна размена.
Медиумите тврдат дека Интер освен пари за Алексис е подготвен да го понуди и Перишиќ.
Сепак, тоа не е се. Можно е дел од размената да биде и Медел и по се изгледа дека Интер е очаен и сака да донесе напаѓач во своите редови.
Наводно, Алексис сака во Јувентус, затоа што сака да освојува титули во наредните сезони.
Ако прифати понуда од Италија, тоа за него ќе биде враќање таму, откако претходно го носеше дресот на Удинезе.