Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контакти има, а Италијанецот има проблеми со кои се сретнуваа и претходните тренери, но Челси ја научи лекцијата.
Во Италија инсистираат дека Конте не е задоволен во Челси и дека би сакал да се врати во Италија, поточно дека постои контакт со Интер.
Проблем е тоа што Италијанецот нема да има слобода да донесува играчи, но и нема да може да формира комплетен стручен штаб.
Тој сака да донесе 6 соработници од Италија, но клубот има друга идеја.
Се тоа е причина за незадоволство и тензија со која се сретнуваа и претходните тренери на Челси, пред сите Мурињо кој имаше проблем со Абрамович, поточно со Еменал.
Да кажеме дека тој минатото лето го донесе Батшуаи, кој Конте не го сакаше и затоа Белгиецот сега седи на клупата.
Но Конте не може да замине од тимот, како што го направи тоа во Јувентус.
Во неговиот договор кој важи до 2019 година, наводно постои клаузула која го штити клубот од такво сценарио, па ако го раскине договорот, Конте мора да плати 30 милиони евра на Челси.
Поради тоа, дури и ако постои желба да се врати во Италија, нереално е да седне на клупата на Интер.
Од друга страна, Интер ќе бара тренер, иако Пиоли има договор до 2018 година.
Ако не избори ЛШ, тешко дека ќе остане, а сега расплетот е појасен по поразот од Рома.