„Жал ми е што Ибра не е во Арсенал!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ оваа сезона игра навистина фантастично и покрај фактот дека има 35 години.

Тој го води Јунајтед на теренот, а таму изгледа како да има 8-9 години помалку.

Големата кариера на Ибра можеше да биде поинаква ако во 2000-та година го засилеше Арсенал.

Меѓутоа, Венгер сакаше прво на проба да го донесе, па одлучи тој да не се појави во Лондон и замине во Ајакс.

Поранешниот играч на Арсенал, Мартин жали што Ибра не потпишал со Арсенал.

„Жал ми е поради тоа што тој не дојде во Арсенал. Се сеќавам кога дојде во клубот како тинејџер и кога го видовме, се шегувавме дека мене ќе ме замени како стопер. Жалам што не остана.“

Ибра најверојатно не жали. По Ајакс играше уште за Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ, а сега го засили Јунајтед каде на 38 натпревари постигна 26 голови.