Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Заминувањето на Луис Енрике од клупата на Барселона на крајот на сезоната, официјално е потврдено во средата вечер, ги забрза шпекулациите за негов наследник.
Влијателниот шпански новинар Гиљем Балаг смета дека најдобар кандидат за не е популарниот Хорхе Сампаоли, веќе Ернесто Валверде.
Потрагата за нов тренер на Барселона почна одамна, а забрзана е пред две недели, после дебаклот на Каталонците во Париз.
Освен неколку некогашни играчи и тренери кои моментално работат ширум Шпанија и остатокот на Европа, во центарот на вниманието е Хорхе Сампаоли, кој од Севиља направи легитимен кандидат за титула.
Guillem Balague to Sky Sports: “#Barcelona officials feel Sampaoli has the right style of play but not the right personality for the club”
— footballespana (@footballespana_) March 1, 2017
Ученикот на легендарниот Марсело Биелса уште во Јужна Америка покажа огромен потенцијал, а на Писхуан од прва ја трансформираше во потенцијален шампион на Шпанија, користејќи атрактивен напаѓачки фудбал.
„Стилот на Сампаоли одговара на Барселона, но неговата личност баш и не“, рече Балаг гостувајќи на Скај Спортс во средата вечер, пред што наброја неколку кандидати.
„Унзуе, Покетино, Сампаоли, Валверде, Блан се кандидати…На Барса е потребен тренер кој ќе ја разбира клупската култура. Во таа смисла Валверде повеќе одговара отколку Сампаоли бидејќи разбира какви промени се потребни“.
Иронично, одма потоа Реал едвај изваде бод против Лас Палмас (3:3), после што Блауграната е на чело на табелата, после полни 17 кола константно водство на Мадриѓаните.