„Не сфаќам како Ибра не ја освои Златната топка“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ игра фантастично оваа сезона во дресот на Јунајтед.

Иако многумина не веруваа дека тој ќе биде добар во Јунајтед, сепак Ибра докажа дека годините се само бројка.

Тренерот на Јунајтед, Мурињо не верува зошто Ибра не ја освоил „Златната топка“.

„Мислам дека тоа што го прави е неверојатно. Головите кои ги постигна, два натпревари на Вембли, трофеи и тоа и значи на екипата. Мислам дека тој е феномен. Немам повеќе што да кажам.“

„Не можам да верувам дека ваков голем човек, со кариера каква што има, никогаш нема освоено Златна топка. Па зошто да не ја освои оваа сезона, ако може да направи нешто посебно? Ако може да постигне уште голови и се пласира во финалето на ЛЕ. Зошто овој човек кој има 35 години не ја добие?“

Ибра оваа сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања за Јунајтед и постигна 26 голови.