Арсенал се разделува со уште една ѕвезда?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште една ѕвезда на Арсенал сака да го напушти тимот во лето.

Откако претходните денови стана јасно дека Санчез ќе замине од тимот, најновата вест е дека по негови стапки ќе тргне Чемберлејн.

Тренерот на Арсенал, Венгер се бори да ја задржи контролата во соблекувалната, откако во 1/8-финалето од ЛШ доживеаа катастрофален пораз од Баерн Минхен.

Медиумите тврдат дека играчите од првиот тим не се задоволни со тактиката на Венгер.

Венгер на крајот на сезоната останува без договор и не се знае дали и наредната година ќе го води тимот, поради се поголемото незадоволство на навивачите.

Чемберлејн има уште 18 месеци од својот договор, а нема намера да го продолжи, па поради тоа би можел да го напушти тимот.