„Ел Класико“ во Мајами на крајот на јули!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид ќе играат на крајот на јули на турнир во Мајами.

Љубителите на фудбалот во Мајами ќе имаат шанса да го гледаат „Ел Класико“ на турнирот „Меѓународен куп на шампиони“, соопштија организаторите.

Натпреварот на двата најголеми шпански клубови ќе се одигра на 29-ти јули во Мајами.

Организаторите наведоа дека останатите учесници на тој турнир ќе бидат соопштени на 21 март.