Рајн Некар со пресврт го победи Минден – Првенец за Филип Талески во дресот на лавовите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Рајн Некар Левен го победи Минден во натпревар од 23-то коло во германската бундеслига, 26:20.

Домашните го започнаа натпреварот со серија од три погодоци, 3:0. Минден возврати со иста мерка и го израмни резултатот, 3:3. Со два погодоци во низа ракометарите на Минден за прв пат имаа водство на натпреварот, 4:5. Двата погодоци во серија на Минден му донесоа водство, 8:10. На полувреме гостите имаа водство од два погодоци, 9:11.

На почетокот на второто полувреме ракометарите на Рајн Некар Левен постигнаа четири погодоци во серија за минимално водство, 13:12. Tри погодоци во низа на Рајн Некар за 15:13. Домашните ракометари со два погодоци во низа зголемија на четири погодоци предност, 20:16. Минден намали на два негатива на пет минути пред крајот на натпреварот, 22:20. Рајн Некар со четири  погодоци во низа ги постави конечните 26:20.

Гудјон Валур Сигурдсон го предводеше Рајн Некар со 11 погодоци. Македонскиот ракометар, Филип Талески постигна еден погодок од четири обиди. Дејан Манасков не настапи на денешниот натпревар. Кристофер Рамбо со 6 погодоци беше најефикасен во тимот на Минден.

 

18-та победа за Рајн Некар Левен оваа сезона во германската Бундеслига.