Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По повредата на Богут тие реагираа, а се враќа кошаркар кој направи неочекуван потег пред 2 години.
По повредата на Богут на дебито, по само 58 секунди, Кливленд бараше нов центар.
И го најдоа Лери Сандерс кој по 2 години се враќа во лигата.
Поранешниот 15-ти пик на драфтот и центар на Милвоки беше суспендиран поради користење на марихуана, па подоцна Милвоки го откупи неговиот договор, бидејќи реши да ја напушти кошарката.
Се лечеше од депресија, кажа дека спортот не му претставува задоволство, дека тоа за него е премногу стре, но дека ќе се врати, ако почуствува потреба да игра.
Во јануари се предомисли, најавуваше враќање, а го сакаше Кливленд.
Во кариерата Сандаерс во 5 сезони за Милвоки постигнуваше 6.5 поени и имаше околу 6 скокови, но по 2 години одигра дури 50 натпревари.
Најдобра беше 2013-та година кога имаше околу 10 поени и 10 скокови во просек по натпревар.