„На светот има малку играчи кои можат да го заменат Кејн“

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер за медиумите зборуваше за повредата на соиграчот Кејн, кој би можел да отсуствува до крајот на сезоната.

„Искрено, Кејн е важен играч за нас и важен дел од тимот. Не знам колку е тешка неговата повреда, но се надевам дека ќе се врати набрзо.“

„Кејн е тешко да го замените, затоа што во светот има малку подобри напаѓачи од него. Разочарани сме и тажни поради тоа што му се случи. Знаеме дека ќе биде многу тешко без него и сите му посакуваме да се врати брзо.“

Кејн оваа сезона постигна 19 голови.