Конте – Ниту договор, ниту пари, ова се неговите услови


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Не е неочекувано, Италијанецот има различни работи на памет.

И понатаму нема договор помеѓу Челси и Конте кога станува збор за нов договор и зголемување на платата.

Сето тоа не го интересира Конте, не станува збор за пари, туку летниот преоден рок.

Наводно бил непријатно изненаден со отсуството на желбата на клубот да се засили во јануари, но и со одговорот дека на местото на Оскар, Ивановиќ и Микел, во клубот би можеле да бидат вратени Аке, Мусонда и Кенеди.

Челси нема пари со кои би можел да се натпреварува со Сити и Јунајтед и тоа го загрижува Конте.

Тој бара најмалку 4 или 5 врвни засилувања.

Потребни му се стопер, десен бек, потоа играч за врска и напаѓач, и тоа под услов никој од досегашните играчи да не замине.

Конте е тренер, но не одлучува за ангажирањето на играчите, тука се луѓето на Абрамович, Грановски и Еменало. Па така Нигериецот го донесе Батшуаи на своја рака, а Конте не помислува на него да му даде шанса во тимот.

Во овој момент Конте не сака да го продолжи договорот додека не добие гаранција дека клубот ќе донесе засилувања, односно додека не бидат договорени голем дел од трансферите.

Прв е Кулибали од Наполи, кој би можеле да го донесат за околу 60 милиони евра. Следуваат Видал и Мората додека за десен бек една од опциите е Де Шиљо.

Но за ова, Челси мора да одвои 200 милиони евра, а се зборува дека тие пари ги немаат.