Нов договор за напаѓачот на Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во Реал Мадрид сакаат да ја продолжат соработката со Карим Бензема која важи до 2019-та година. Ваквата одлука е поради добрите игри на французинот во последно време.

Бензема беше еден од најзаслужните за победата на Реал против Атлетик Билбао минатиот викенд и на гостувањето кај Еибар.

Французинот е задоволен со животот во главниот град на Шпанија, а во дресот на кралскиот клуб игра подобро отколку во дресот на репрезентацијата. Бензема моментално се наоѓа на осмата позиција на најдобрата листа на стрелци на клубот со 177 погодоци.

Интересно е дека Бензема е фудбалер кој често од навивачите е критикуван, но од соиграчите добива комплименти за својата игра.