Марк Вилмотс е нов селектор на Брегот на Слоновата коска

Поранешниот тренер на Белгија, Марк Вилмотс беше поставен за тренер на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска.

ФС на оваа репрезентација објави соопштение каде што наведува дека Вилмотс е нов тренер, без деталите на договорот и целите кои му се дадени.

Вилмотс беше без работа од минатото лето, кога доби отказ од Белгија по испаѓањето во ¼-финалето на ЕП.

Брегот на Слонова коска беше без тренер од последниот Африкански куп на нации, каде што не ја поминаа ниту групната фаза.