Атлетико се најде како да не ги продава играчите на Реал, клучот е Клоп!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Се подигна бура околу можниот премин на млад дефанзивец од Калдерон на Бернабе, а изгледа дека управата на Јорганците се снајде како да зададе удар на лутиот ривал.

Веќе со денови кружи приказна дека лукавиот Флорентино Перез најде начин да зададе незгоден удар на големиот градски ривал.

Имено, Реал е спремен да понуди за Тео Ернандез, левиот бек на Атлетико, кој е на позајмица во Депортиво Алавес.

Нормално, управата на Јорганџиите не би ја ставила понудата на Кралскиот клуб ни на разгледување, но овој пат рацете им се врзани.

Реал наводно е спремен да ја плати клаузулата од 24 милиони евра за 19-годишниот дефанзивец, а се верува дека младиот Ернандез нема да има ништо против премин во Реал.

Сепак, слампа спас за Атлетико е понудата на Ливерпул. Имено, Јирген Клоп исто така е заинтересиран за младиот Французин, а како Реал е спремен и да ги плати споменатите 24 милиони евра за неговите услуги и така се врзани рацете на Атлертико, но и Реал, но во тој случај Редсите ќе имаат предност, поради пактот меѓу мадридските клубови, поради што не им дозволува да работат.

Перез тоа лукаво пробува да го заобиколи, но се појави Клоп, кој реши горкото прашање на лев бек да го реши со талентираниот француски фудбалер, кој воодушевува со своите игри во дресот на Депортиво Алавес во оваа сезона.