Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Ливерпул, Филипе Кутињо во средата стана најефикасен Бразилец во историјата на ПЛ.
Со оглед на тоа дека ПЛ е една од ретките лиги во која бразилските фудбалери не се толку бројни и не претставуваат најголеми ѕвезди, Кутињо немаше некоја конкуренција, па за ова постигнување му беа потребни само 4 години и 29 голови.
Тој 29-от гол го постигна во ремито против Борнмут.
За рекордот на Кутињо му беа потребни 132 натпревари во ПЛ додека Џунињо постигна 29 голови во 125 натпревари.
Малку заборавениот Бразилец за Миделсброу играше 2 пати, од 1995 до 1997 и од 2002 до 2004 година.
Трет најефикасен е Оскар со 21 гол, а следуваат Фирмињо со 19, Силва и Рамирес со 17…