Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА имаше загуба од 369 милиони долари, поради тоа што нејзиниот буџет беше истрошен поради истрагата на американските и швајцарските власти за корупција, како и страв на спонзорите од тие процеси.
ФИФА соопшти дека очекува уште поголема загуба оваа сезона, но дека во 2018-та очекува профит од 1 милијарда долари.
ФИФА не продаде 24 места од 34 колку што има во својата спонзорска програма за Мундијалот кој започнува за 14 месеци.
„Се подразбира дека ситуацијата е лоша, во комбинација со претходните истраги на ФИФА, тоа влијаеше на вкупниот приход.“
Правните трошоци на ФИФА во минатата година, во истрагата на американските и швајцарските власти изнесува повеќе од 50 милиони долари.
ФИФА потроши 7.9 милиони долари во февруари на конгресот на кој беше избран нејзиниот нов претседател, Инфантино, а за 5.6 милиони долари се зголемени платите на членовите на советот на ФИФА.