Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека Барселона мора да започне нов циклус, дека со новиот тренер ќе стигнат и засилувања, а дека со Енрике ќе заминат неговите промашувања.
Барселона оваа сезона е далеку под очекуваното ниво, ова е најверојатно најлоша сезона од 2013/14 кога тренер беше Мартино и кога беше освоен само Суперкупот.
Енрике заминува на крајот на сезоната, а со него и неколку фудбалери.
Кој доаѓа, а кој заминува?!
Според медиумите, Барселона планира да донесе 3 играчи и уште 2 од Б тимот.
Прво засилување ќе биде Делуфеу кој Барселона може да го врати за 12 милиони евра според клаузулата. Младиот Шпанец би можел да ја засили конкуренцијата во нападот, затоа што Алкасер е едно од промашувањето.
Втора важна мета е Белерин, десниот бек на Арсенал, кој би можел да стигне за 35-40 милиони евра и да биде прв избор покрај десната аут линија, а Роберто да игра во редот за врска.
За трето и најголемо засилување се 3 играчи во конкуренција – Кутињо, Верати и Дибала, со тоа што напаѓачот на Јувентус во стартот отпаѓа, затоа што Јувентус не сака да се откаже од него.
Остануваат Кутињо и Верати кои во минативе недели се поврзуваа со Барселона.
Јасно е дека Барселона мора да плати сума од 70-80 милиони евра ако сака да донесе барем 1 од нив двајца.
Порак тоа, Сампер се враќа од позајмица од Гранада и ќе добие шанса додека Алењо ќе добие исто така шанса, а во моментов тренира со Меси и останатите.
Од тимот би требало да заминат Гомеш, Матје, Алкасер и Дињ, а би можел да замине и некој од триото – Ракитиќ, Туран и Денис Суарез.