Блажевски го среди Силекс во Кратово, Работнички лесно против Брегалница, Радески го падна на колена Пелистер

Денес се одиграа сите пет натпревари од првата македонска фудбалска лига.

Вардар минимално славеше во Кратово против Силекс, 0:1.

Дејан Блажевски го постигна победничкиот погодок во 63-та минута.

 

Работнички на Телеком Арена лесно ја победи Брегалница, 3:1.

Трајчевски после пет минути игра погоди за водство на романтичарите. Костов постигна автогол за 2:0. Сахити зголеми на 3:0 на почетокот на второто полуврмее. Илиев ги постави конечните 3:1 петнаесет минути пред крајот на натпреварот.

 

Шкендија во Прилеп минимално го победи Пелистер, 0:1.

Марјан Радески во второто полувреме донесе победа за тетовскиот клуб.

 

Ренова во Тетово победи минимално против Победа, 1:0.

Погодокот за гипсарите го постигна Гафури во првото полувреме.

 

На натпреварoт Македонија Ѓорче Петров – Шкупи не беа постигнати погодоци, 0:0.