Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алберт Рамос Вињолас во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло го победи Лукас Пулие со 2:1 во сетови.
Во првиот сет беа видени четири брејка, а Рамос Вињолас три пати го одзеде сервисот на ривалот. Вториот сет донесе нешто повеќе возбудување. Тенисерите беа сигурни на свој сервис се до резултатот 5:5, а потоа Пулие доби два гема во низа и го израмни резултатот во сетови, 5:7, 1:1.
Третиот одлучувачки сет лесно го доби шпанецот кој му дозволи на Пулие само еден гем, 6:1.
Во борбата за титула Рамос Вињолас ќе се бори со подобриот од натпреварот Надал – Гофан.