Одличните игри не останаа незабележано, Лемар од лето заминува во Италија?

Фудбалерот на Монако, Лемар наредната сезона би можел да игра за Јувентус.

Актуелниот шампион на Италија игра одлично оваа сезона, а во ½-финале на ЛШ ќе се сретнат со тимот на Лемар. Во тие натпревари раководството од Торино ќе ја донесе конечната одлука за потенцијален трансфер.

Интересот за Лемар е голем. Одличните игри на 21-годишниот фудбалер привлекоа голем интерес.

Ако не успее да го донесе Лемар, Јувентус ќе се обиде да го донесе Даглас Коста, а тие се поврзуваат и со Бернардо Силва.

Сепак, за Лемар прва опција е Јувентус и тие ќе направат се за да го донесат во тимот.

Лемар оваа сезона постигна 7 голови за Монако, а посстигна и 6 асистенции.