„Мораме да продолжиме вака затоа што работиме одлично“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Играчот за врска, Иван Ракитиќ изјави дека тимот работи одлично, како и дека мораат да победуваат доколку сакаат да ја освојат титулата.

Барселона лесно го победи Еспањол со 3:0 во рамки на 35-то коло во Ла Лига, а вториот гол го постигна Ракитиќ.

„Тимот работи цел натпревар, знаевме дека ќе дојде момент кога ќе се отвори натпреварот и на крајот тој момент го дочекавме. Мора да продолжиме вака.“

Тој кажа дека мора да размислуваат за своите натпревари, а потоа да гледаат на Реал во борбата за титула.

„Секој натпревар е тежок, мораме да го добиеме секој тим до крајот. Најпрво мора да размислуваме за себе, а потоа за Реал.“