Ова се причините поради кои Конте размислува да замине од Челси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Постојат вкупно 4 причини. Италијанците ги проценија шансите, испратена е понудата, но Конте го има последниот збор.

Конте и понатаму не може да реши.

Иако изјави дека останува во Челси, медиумите тврдат дека постојат некои проблеми кои не може да се решат.

Пред се, освен носталгијата, тој нема добра соработка со луѓето на Абрамович, пред се кога станува збор за Грановскаја која е алфа и омега во тимот.

Покрај тоа, преодниот рок ќе биде проблем, ако наводно Русинката и неговите соработници продолжат да инсистираат да го донесат Нејмар.

Конте има сосема други идеи, сака да го засили тимот во одбрана и редот за врска, а да го донесе Лукаку и Санчез.

Проблемот е избор на стручен штаб, Челси инсистира помошникот да му биде Англичанец, а Конте сака Италијанец.

Тој го повика Оријали кој претходно беше во Интер и работеше со Мурињо, но тој се одлучи повторно за Интер.

Поради тоа во Интер се надеваат дека Конте ќе се пресели кај нив. Му нудат 10 милиони евра по сезона и 150 милиони евра буџет за засилувања.

Медиумите проценуваат дека шансите се 50-50, но сепак тешко може да се верува дека ќе замине од Челси.

Инаку, Конте нема проблем што го водеше Јувентус и беше капитен на клубот, тој и претходно кажа дека е професионалец и дека нема никаков проблем да го води Интер или Милан.

Па поради тоа не треба да се исклучи враќање во Серија А.